ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Мартин Поповски: Треба да им се верува на младите ракометари

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Десното крило на Вардар и на Вардар Јуниор, Мартин Поповски минатата година имаше неколку одлични настапи за „црвено-црниот“ тим во СЕХА Лигата, а селекторот Червар го повика и во националниот тим.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-2016 година ми ја одбележа дебитантскиот настап за првиот тим на Вардар, како и деби повикот во сениорската репрезентација на Македонија.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Во новата година посакувам пред се здравје, а потоа да направам чекор напред во мојата кариера.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-Мојата порака до сите љубители на ракометот е да продолжат да го следат спортот број 1 во Македонија и да ги бодрат и да им веруваат на младите генерации кои доаѓаат и кои се гладни за успех.