Елена Георгиjевска во одлична форма, сама ја победи Бекешчаба

Стрелецот на голот со кој Македонија се пласираше во баражот за СП во Германија, Елена Георгијевска, одличната форма ја пренесува и на клупските настапи во дресот на Алба Фехервар во унгарскиот шампионат.

Фехервар салвеше со 32:27, а најзаслужна за тоа е македонската репрезентативка која 9 пати се запиша во листата на стрелците. Фехервар има густ распоред и следната недела го очекуваат еден првенствен, еден куп натпревар, како и првиот дуел од групната фаза на ЕХФ Купот.