Стигна потврда од Израел: Драгаш е нов играч на Хапоел Ришон!

Од Израел стигна потврда по најавите на 24ракомет за трансферот на членот на Металург, Милош Драгаш, во Хапоел Ришон Ле Зион. Левиот бек на македонскиот вицепрвак по само шест месеци си заминува во Скопје и во продолжение од сезоната ќе игра во израелскиот шампионат.

Оваа понуда доаѓа во вистински момент за сините од Автокоманда, во период кога македонскиот претставник ги привршува настапите во Лигата на шампионите. Металург ќе го заврши натпреварувањето во групната фаза, а до крајот на европските настапи имаaт уште еден натпревар. Пролетниот дел освен во македонскиот шампионат не нуди голем предизвик, ниту конкуренција за вицешампионската титула во Македонија.

Драгаш кариерата ја започна во Прибој, а потоа играше и за Локомотива Брчко и Металопластика Шабац. Потоа се пресели во македонскиот првак Вардар, каде што помина една сезона, додека на клупата беше Веселин Вујовиќ. Откако не му беше продолжен договорот со „црвените-црните“, замина во Бундес Лигата, во Бергишер, каде повеќе беше повреден отколку што играше, а имаше и спор со германскиот клуб поради неисплатени плати.