„Зебрите“ го „врзаа“ данскиот голман: Ландин го продолжи договорот со Кил

Данскиот репрезентативен голман Никлас Ландин го продолжи договорот со германскиот великан Кил две години пред да му истече актуелниот. Откако од Рајн Некар се пресели во друштвото на „зебрите“ потпиша до 2018 година, а сега со новиот договор се обврза на верност до 2021 година.

„Моето семејство и јас се чувствуваме пријатно во Кил, а Данска ни е многу близу. Со многу млади и квалитетни играчи, овој клуб има блескава иднина и јас сакам да бидам дел од неа. Секако, ми годи тоа што еден од најдобрите европски клубови има доверба и долгорочни планови со мене.“ – изјави Ландин.