Душебаев им го „украде“ Вујовиќ на Црногорците

Црногорскиот ракомет останува без еден од најголемите бисери. 18-годишниот Бранко Вујовиќ, еден од најдобрите млади десни бекови во светот, дефинитивно одлучи да настапува во иднина за репрезентацијата на Полска. Поранешниот тренер на Вардар, а сегашен селектор на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, ја  потврди оваа информација.

„Два пати разговарав со Вујовиќ и добив јасен одговор дека во иднина ќе го носи полскиот дрес.“ – вели Ѓукиќ.

Вујовиќ пред една и пол сезона се пресели од Сутјеска во Киелце, каде тренер е легендарниот Талант Душебаев, а истовремено е и полски селектор. Полската репрезентација остана без услугите на искусниот Кшиштоф Лијевски, па во Вујовиќ гледаат долгорочно решение на оваа позиција, каде ќе игра заедно со Микал Шиба. Сепак за официјалното деби на Вујовиќ за Полска ќе треба да се почека скоро три години, бидејќи тој настапи на квалификацискиот дуел против Русија пред во октомври.

Фото:sportowefakty.wp.pl