Веспрем го посакува, но Врањеш се уште размислува?

Европскиот вицепрвак и СЕХА шампион Веспрем, сезонава не игра на препознатливото ниво на ниту еден фронт. Иако имаат широк ростер со играчи за три тима, сепак очигледно е дека нешто не штима кај Унгарците. Подолго време се актуелни шпекулациите за смена на актуелниот тренер Хавиер Сабате, кој во исто време е и унгарски селектор. Во комбинација беше Веселин Вујовиќ, а од скоро во игра е тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш, кој има договор со 2020 година со германскиот клуб.

Веспрем е моќен да ја плати оштетата што ја бара Фленсбург од 700 илјади евра, но еден од еден од условите што го поставил принципиелниот Врањеш е да има одврзани раце во изборот на играчи, односно да почне да го составува тимот од нула. Сепак овој услов малку веројатно е дека ќе биде прифатен од страна на унгарскиот првак, кој во ростерот има повеќе играчи со долгорочни договори, и тоа сигурно ќе биде голема пречка во настојувањата да го донесат Швеѓанецот на жешката клупа.