РЕТРОСПЕКТИВА: ПОБЕДНИЦИ 2016

2016 Беше година на неизвесни и возбудливи натпревари. Финалињата и во машка и во женска конкуренција во Лигата на шампионите беа решени на пенали. Дополнително, уште два дуели од машкото Европско Првенство во Полска и на ракометниот турнир на Олимписките Игри во Рио беа решени по ударите од седум метри. Најголемите ракометни клубови повторно се вратија на врвот или само ја потврдија својата моќ во своите национални лиги. Во продолжение направивме преглед на победниците од најзначајните ракометни натпреварувања во светот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ) – КИЕЛЦЕ

Ракометарите на Талант Душебаев беа во негатива скоро цел натпревар со Веспрем. По солидните 4 погодоци разлика во првиот дел, Веспрем дојде до високи 9 погодоци разлика, но Киелце успеа целосно да се врати во натпреварот и да го изедначи резултатот на 29:29 во регуларните 60 минути игра. Двете продолженија од по 5 минути донесоа многу возбудувања, а сепак не го донесоа победникот бидејќи резултатот повторно беше изедначен овојпат на 35:35. По изведувањето на серијата удари од линијата на седум метри Киелце славеше победа со конечни 39:38. Стрелец на победничкиот гол беше Хулен Агинагалде.

СЕХА ЛИГА – ВЕСПРЕМ

Унгарскиот првак стана старо нов шампион на СЕХА Лигата. Веспрем ја совлада екипата на Вардар со резулат 28:26 (14-15) и по втор пат во две сезони колку што учествува се закити со регионалниот ракометен пехар. Циндриќ со 5 , Душебаев и Дибиров со 4 гола беа најпрецизни во екипата на Вардар. Во составот на Веспрем најрасположени за игра беа Илиќ со 7 и Слишковиќ со 4 гола.

ДАНСКА – ЕСБЈЕРГ

Тимовите на Есбјерг и Митјиланд беа далеку пред останатите во регуларниот дел од данскиот шампионат и се соочија меѓусебе во финалниот плеј-оф за титулата. Откако Митјиланд славеше со 20:17 на првиот дуел, Есбјерг возврати со иста мера на реваншот, па мораше да се шутираат пенали, по кои подобар се покажа Есбјерг.