Стојчевски игра во одлична форма

Никола Стојчевски продолжува со одличните партии во Втората Бундес Лига во дресот на Ферндорф. Неговиот тим загуби на домашен терен од Лојтершаузен со 27:28 во натпреварот од 18 коло.

Стојчевски постигна 6 голови, но што е уште поважно, подели и 8 асистенции до неговите соиграчи, а заработи и едно исклучување. Фендроф пак влезе во опасната зона, а следниот натпревар ќе го игра на почетокот на февруари.