„Жути“ се одјави со триумф

Повратниот во македонската репрезентација, Филип „Жути“ Миркуловски го одигра последниот клупски натпревар во 2016 година и со неговиот Вецлар славеше со 25:17 над составот на Балинген, во рамките на натпреварот од 18 коло во Бундес Лигата.

Миркуловски на овој натпревар беше стрелец на 2 голови од 5 обиди. По овој дуел, плејмејкерот се очекува утре или најдоцна задутре заедно со Дејан Манасков, да се приклучат на тренинзите на националниот тим во пресрет на СП во Франција.