Манасков конечно доби минутажа, но Рајн Некар загуби од Магдебург

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, конечно доби прилика од данскиот стратег Николај Јакобсен да заигра во Бундес Лигата. Сепак, Рајн Некар загуби на последниот дуел за оваа година од незгодниот Магдебург со 35:32.

Манасков беше втор стрелец во составот на германскиот првак, со 6 постигнати голови од 7 обиди, а имаше и 1 асистенција. Ако ништо друго му покажа на Јакобсен дека сериозно треба да смета на неговите услуги, иако на таа позиција игра и ветеранот Сигурдсон.

Левото крило во текот на утрешниот ден ќе се приклучи на националниот тим, и практично ќе мине еден ден под водство на Червар, пред репрезентативците да се вратат во Скопје.