Будуќност се засилува пред дуелот со Вардар: Сања Премовиќ доаѓа во Подгорица

Црногорската репрезентативка Сања Премовиќ, најверојатно ќе биде новото засилување за тимот на Драган Аџиќ. Премовиќ веќе тренира со Будуќност и се чека уште да биде средена документацијата, за и официјално да биде промовирана како нова ракометарка на црногорскиот првак.

Таа настапува на среден бек, а по потреба може да покрие и на десно крило. Поради повредата на Раичевиќ, се чини дека Премовиќ ќе минува повеќе време на теренот како организатор на играта. Досега беше член на полскиот Лублин, а претходно Премовиќ има настапувано за Наиса Ниш и норвешкиот Фредрикштад.

Првиот дуел за Будуќност во главната фаза ќе биде одигран на 29 јануари во Подгорица, и тоа против големиот ривал, македонскиот првак Вардар.