Најдоброто во ЛШ за 2016 година: Шишкарев, Штербик, Арсиќ…(ВИДЕО)

Како што се ближи крајот на годината така се зголемува бројот на различни избори на најдобри, најбрзи, најубави….Во ТОП 30 изборот на најубави голови направен од страна на ЕХФ место имаше и за десното крило на Вардар, Данил Шишкарев, додека најубавиот гол е дело на десното крило на Киелце, Дарко Ѓукиќ, кој во тоа време беше член на турскиот Бешикташ.

Во ТОП 30 голманските интервенции, има место за голманот на Вардар, Арпад Штербик, потоа тука е голманот на Металург, Дарко Арсиќ со двојната интервенција против Ла Риоха, а има место и за екс репрезентативецот Борко Ристовски за одбраната во неговиот тогашен клуб Рајн Некар против Вардар. Најдобрата одбрана во 2016 ја има голманот на германскиот првак Михаел Апелгрен, на дуелот против македонскиот првак.