Проблеми за Будуќност: Раичевиќ нема да игра против Вардар

Капитенот на Будуќност, Милена Раичевиќ ќе паузира три месеци, по операцијата што ја имаше во пределот на петата, па сигурно ќе ги пропушти сите шест натпревари во главната фаза од Лигата на шампионите, вклучувајќи ги и двата дерби дуели против македонскиот првак Вардар.

Отсуството на Раичевиќ ќе биде голем хендикеп за црногорскиот тим, но тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ, се повеќе на нејзината позиција ја користи поранешната вардарка Итана Грбиќ, како и полската интернационалка Кинга Ахрук, која игра се подобро, па тие две ќе се потрудат да не се чувствува отсуство на искусната Црногорка.