Прв пораз за дрим-тимот: Нант му одржа лекција на ПСЖ!

Иако се чинеше дека ПСЖ сезонава ќе се прошета на домашна сцена и нема да ги повторува ланските киксови, сепак не е така. Нант на свој терен му одржа вистинска лекција на најскапиот тим во историјата на ракометот и му го нанесе првиот пораз во францускиот шампионат.

Нант славеше со 37:31, а во еден момент Балагуер, Клер, Клајн, Њокас и останатите имаа и плус десет, 31:21. Сепак до крајот Хансен, Карабатиќ и компанија до крајот на мечот успеаја барем малкуда го ублажат поразот.

Најдобри во домашниот состав беа Балагуер, Њокас и Клер со по 7  голови, Гурбиндо даде 6, додека на спротивната страна Генсхајмер беше најдобар со 10 голови, но сепак и тоа беше премалку за ПСЖ. Омејер имаше лоша партија и забележа само 4 одбрани.