Миркуловски без грешка, го водеше Вецлар до победа

Повратникот во репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски игра одлично во Бундес Лигата. Тој го предводеше неговиот Вецлар до гостинска победа над Минден со 25:27, во натпревар од 16 коло.

Иако Вецлар губеше и со пет разлика во првиот дел, 7:2, сепак уште до полувремето Миркуловски и соиграчите направија пресврт, а предноста ја одржуваа и во вториот дел. „Жути“ беше втор во Вецлар и постигна 5 голови од исто толку обиди.

Формата на Миркуловски, може само да го радува селекторот Червар и македонската јавност во пресрет на Светското Првенство во Франција.