Шампионот одигра шампионски: Рајн Некар со голема победа над директниот конкурент за титулата

Ракометарите на Рајн Некар прославија огромна победа на гостувањето кај директниот конкурент за титулата, Кил во „Шпаркасе Арена“ со 26:29, во рамките на 16 коло од Бундес Лигата. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, повторно остана во сенка на ветераот Сигурдсон, кој играше на лево крило во германскиот првак.

Најдобри во Рајн Некар Левен беа Егдал ду Риц, Енди Шмит и Андреас Петерсон со по 5 голови, додека кај Кил најефикасни беа Домагој Дувњак и Патрик Винчек со по 7 голови, но хрватскиот репрезентативец имаше очајна реализација. Сега Рајн Некар е прв на табелата со 32 бодови, а по 30 имаат Кил и Фленсбург.