Рутенка останува во Катар, но го менува клубот

Иако се шпекулираше дека има можност да се пресели во македонскиот првак Вардар или да ја заврши богатата кариера, сепак белорускиот репрезентативец Сергеј Рутенка, кариерата ќе ја продолжи во составот на Ал Кијада од Катар.

Левиот бек, кој има освоено дури шест титули во Лигата на шампионите потпиша договор на една година со тимот кој има големи амбиции во Катар, а е предводен од поранешниот селектор на Словенија, Борис Дениќ. Во Ал Кијада игра и поранешниот клупски другар на Рутенка, Данијел Шариќ.