Македонката го носи Бенсхајм во Бундес Лига: Саздовски најдобар стрелец по крајот на полусезоната

Македонската интернационалка Ивана Саздовски е лидер на тимот на Бенсхајм. Таа беше најдобар стрелец на 10 од 11 натпревари на кои настапи во Втората Бундес Лига, а на еден паузираше. По 12 кола нејзиниот тим Бенсхајм се наоѓа на првата позиција на табелата со големи шанси следната сезона да игра во најквалитетната германска лига.

На последниот дуел, кој Бенсхајм го доби против Нуртинген на домашен терен со 28:21, Саздовски беше најдобра со 8 голови. По крајот на есенската полусезона, македонската интернационалка е далеку најдобар стрелец во нејзиниот тим со вкупно 74 голови (во просек по 7 на меч), а исто така е најдобра во изведување на пеналите и има погодено 34 од 39 обиди.