Вардар ќе ја збогати роденденската прослава на Веспрем

Македонскиот шампион Вардар, следното лето ќе има одлични проверки пред стартот на новата сезона, откако ја прифати поканата да биде дел од силниот меѓународен турнир во Веспрем, по повод 40-тиот роденден на унгарскиот првак.

Турнирот ќе се одржи на 26 и 27 август следна, 2017 година, а покрај домаќинот Веспрем и македонскиот првак Вардар, спектаклот ќе го збогатот и актуелниот европски првак Киелце и словенечкиот шампион Целје.