Лазаров и донесе нов трофеј на Барселона!

Барселона го освои 12-тиот трофеј во АСОБАЛ Купот совладувајќи го во финалето составот на Гранолерс со 30-25 (15-13). Очекувано Барселона продолжува да ги руши своите рекорди во домашниот шампионат, но ова е големо достигнување и за тренерот на каталонскиот гигант Барселона, Чави Пасквал кој е прв тренер што стигнал до бројката од 7 освоени трофеи со Барселона во АСОБАЛ Купот.

Македонскиот капитен покажа дека е во одлична форма и го предводеше нападот на Барселона со вкупно 9 голови, додека Борко Ристовски го проследи натпреварот од клупата.

 

ФОТО: screenshot twitter.com/fcbhandbol