Цветковски одличен меѓу стативите, Хелсингборг победнички оди на пауза

Македонскиот голман Јане Цветковски продолжува со одличните партии на голот на шведскиот Хелсингборг. Неговиот тим со убедлива победа од 38:29 над составот на Халби, го обезбеди второто место на табелата со само два бода заостанување зад лидерот Онеред по завршувањето на полусезоната.

Цветковски беше на домашниот гол сите 60 минути и успеа да забележи 15 одбрани. Вториот дел од сезоната започнува на 14 јануари, а борбата за првото место кое носи директен пласман во Елитсериен на Шведска ќе се води меѓу Хелсингборг и Онеред.