Барса ја победи Ла Риоха, ќе се бори за трофејот во шпанскиот Куп

Каталонскиот гигант Барселона ќе игра во финалето на Копа Дел Реј, откако во полуфиналниот дуел славеше со 33:28 над вицепрвакот на Шпанија, Ла Риоха. Иако Ла Риоха во дел од мечот имаше предност и контрола на играта, сепак на крајот Барселона е таа што ќе се бори за трофејот.

Кире Лазаров и Борко Ристовски беа дел од полуфиналето. Десниот бек на македонската репрезентација постигна 5 голови од 9 обиди, додека Борко Ристовски забележа 2 одбрани за едно полувреме на теренот. Противник на Барселона во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Адемар Леон и Гранољерс.