Веспрем конечно врза две победи

По две реми средби со Вардар дома и со Нексе на гостински терен, како и по поразот од Загреб, ракометарите на Веспрем, конечно врзаа две победи во регионалната СЕХА Лига. Откако славеа на гостувањето кај Татран во Прешов, избраниците на Сабате победија и на гости во Велење, кај Горење со 27:31.

Во ниту еден момент победата на Веспрем не беше доведена во прашање, а најефикасен беше Драган Гајиќ со 7  голови, 6 постигна екс играчот на Горење Момир Илиќ, додека Лекаи беше прецизен 5 пати. Кај Горење, стандардно најдобри беа Алем Тоскиќ со 7 и Брумен со 5 голови.