Начевски и Николов се најдобра судиска двојка во светот!

Македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, според спортскиот портал „хендбол планет“ се избрани за најдобра ракометна судиска двојка во светот. Тие се најдоа на првото место, пред данските судии, Гјединг и Хансен, а на третото место се Србите Стојковиќ и Николиќ.

Начевски и Николов на стартот на следната година ќе бидат од уште едн голем настан на кој ќе настапи и Македонија, СП во Франција, а претходно беа дел и од Олимписките Игри во Рио, со што ја продолжуваат низата учевства на големите европски и светски натпреварувања.