И покрај лошиот пласман на ЕП, доби нов договор: Трефилов ќе ја предводи Русија до 2020 година!

Легендарниот стратег Евгениј Трефилов ќе остане селектор на женската репрезентација на Русија до 2020 година. По лошиот настап на ЕП во Шведска, низ медиумите беше актуелна негова оставка, но сепак наместо тоа, од руската федерација објавија дека го продолжиле договорот.

„Имавме цел на ова ЕП да обезбедиме медал, но, не успеавме. Знаеме дека ситуацијата е комплицирана за Трефилов, бидејќи имаше мал временски период да состави добар тим. И покрај елиминацијата ние ја имаме довербата во него.” – изјави претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев.

Продолжувањето на договорот на Трефилов, значи дека тој ќе ги води уште на минимум едно ЕП, две СП и евентуално на ОИ во Токио.