Пешевски: Сакаме да му се реваншираме на Целје

Металург го очекуваат две врзани гостувања во СЕХА Лигата, кај Целје и Татран Прешов, а тоа ќе бидат и последните активности на македонскиот вицепрвак за оваа година. Тимот од Автокоманда нема шанси за Ф4, па иако во ростерот ќе ги нема Талески (поради настинка) и Нелоски (поради повреда), сепак пикерот Пешевски посакува реванш за поразот во Скопје.

„Целје е одлична екипа, која не порази во Скопје, па на некој начин ни остана должна. Овој дел од сезоната се ближи кон својот крај, па сите губиме од трпението и од концентрацијата. Сепак, јас се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, па и зошто да не му се реваншираме на словенечкиот шампион.“ – изјави Жарко Пешевски.