Три победи и еден пораз за „македонските“ екипи во Романија

Во романското првенство се одигра 16 коло, а три од четирите екипи каде што играат македонски интернационалци забележаа победи. ЧСМ Букурешт загуби во интересен дуел на домашен терен од шампионот Динамо Букурешт со 32:33, а Гоце Георгиевски постигна 3 гола од 3 обиди и имаше едно исклучување.

Одорхеи ја победи екипата на Сучеава со 31:26. Гоце Ојлески постигна 2 гола од 2 обиди, Горан Кузмановски имаше реализација 2/3, а заработи и едно исклучување, додека Милорад Кукоски не беше во ростерот.

Доброгеа Суд Констанца продолжува со одличните настапи и победи. Тимот на Бранко Ангеловси победи на гости кај Решица со 24:33, а македонскиот лев бек на овој дуел беше стрелец на 2 гола од 5 обиди.

Темишвар каде играат Филип Лазаров и Златко Даскаловски забележа победа на домашен терен против Васлуи со 30:25, а левиот бек на македонската репрезентација даде 4 голови од 6 обиди, а од нив 2 беа од пенал.