Вардар го заборави мотивот во Скопје: ППД Загреб му го нанесе првиот СЕХА пораз на македонскиот првак

Во четиринаесетиот натпревар од регионалното натпреварување македонскиот првак го забележа првиот СЕХА пораз оваа сезона на гостувањето во Вараждин против ППД Загреб. Лошата одбрана, индивидуалните напади и желбата за победа го пресудија победникот на овој дуел. Вардарци останува на првата позиција во СЕХА, но затоа Загреб се зацврсти на втората позиција на табелата со бод повеќе од Мешков, но и два натпревари помалку.

Десетина минути изедначена игра им овозможија на „плинарите“ во средината на првиот дел да направат серија која во 25та минута изнесуваше високи пет погодоци предност, разлика која го одбележа продолжението на натпреварот. Двете екипи заминаа на пауза со конечни 11-6 за домаќинот во арената Вараждин. Вардар делуваше деконцентрирано, а индивидуалните блесоци го одржуваа во овој дуел.

Најблиску до разликата на противникот беа на почетокот на вториот дел кога Карачиќ го врати Вардар на негатива од 4 голови, но веднаш следуваше одговор и веќе по 38 минути ракометарите на Загреб ја имаа највисоката разлика од 20-13. Средината на вториот дел им припадна на гостите, „црвено-црните“ намалија дел од разликата и повторно се вратија на негатива од четири погодоци (25-21 50′). Но по веќе видено сценарио, македонскиот првак не успеа да го искористи моментот и комплетно да се врати во игра туку им овозможи на домаќините со нови два погодока да ја задржат стабилната разлика од пет погодоци до 56-та минута. Кога веќе беше познат победникот на овој дуел Вардарци го ублажија поразот за конечни 28-26.

Најпрецизен на теренот беше поранешниот вардарец Добривоје Марковиќ со 7 голови, а Јосип Валчиќ го следеше со 5 погодоци. Кај Вардар Карачиќ, Борозан и Чупиќ постигнаа по 4 голови. До крајот на натпреварувачката година за „црвено-црните“ останува уште гостувањето во Брест кај Мешков.