„Оса“ најдобар, Белфор го подели пленот со Епинал

Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски „Оса“ беше најдобар стрелец во составот на Белфор, но неговиот тим не успеа да го победи Епинал на домашен терен и одигра само 28:28, во рамките на 12 коло од Третата Лига во Франција.

Георгиевски беше стрелец на 8 голови, а заработи и едно исклучување, додека вториот македонскио интернационалец во тимот на Белфор, Александар Ангеловски, беше стрелец на 3 голови, но посебно значајни, затоа што беа во финишот, кога гостите водеа.