Јане Цветковски одличен, Хелсинборг победи на гости

Македонскиот голман Јане Цветковски продолжува со одличните партии во Шведска. Тој беше клучен фактор во новата гостинска победа на Хелсинборг на гости кај составот на Линдесберг со 26:28.

Цветковски имаше 18 одбрани, вклучувајќи ја и таа во последната минута при резултат 26:27, кога домаќинот тргна по израмнување, а постигна и 1 гол во противничката мрежа. Оваа партија беше доволна за македонскиот интернационалец по втор пат сезонава да биде прогласен за играч на мечот.

Хелсинборг се наоѓа на 2 позиција на табелата која води ранг погоре, а следниот предизвик им е натпреварот против Халби.