Две победи, едно реми и еден пораз за македонските екипи во Романија

Лидерот на табелата во романскиот шампионат, Доброгеа Суд Констанца, каде игра Бранко Ангеловски, забележа победа со 30:26 над составот на Фагараш во 15 коло, а македонскиот интернационалец беше стрелец на 3 голови.

Победа забележа и вицепрвакот, ЧСМ Букурешт. Тимот предводен од Звонко Шундовски победи на гости кај составот на Васлуи со 22:27, а десното крило Гоце Георгиевски одигра одличен натпревар и беше стрелец на 5 голови.

Одорхеи беше поразен кај Стеауа со 30:27, а од македонското трио само Гоце Ојлески беше стрелец на 1 гол, додека Горан Кузмановски и Милорад Кукоси има по едно исклучување од две минути. Темишвар на Златко Даскаловски и Филип Лазаров ремизираше на гости кај Дунареа Калараши, 26:26, а левиот бек беше стрелец на 2 гола.