Стоилов: Тежок натпревар, но победа си е победа!

По последниот натпревар од СЕХА лигата во спортскиот центар „Јане Сандански“, Вардар ја забележа 11-та победа и заминува за Загреб и Брест каде ќе ја заврши натпреварувачаката полусезона. Вардар имаше предност во текот на целиот меч, но Целје може да жали за пропуштената шанса и изгубените бодови.

Раул Гонзалес, тренер РК Вардар:

Целје покажаа добар ракомет, играат брз ракомет и затоа за нас беше тешко да им се спротивставиме, бидејќи мора да играш 100% против ваква екипа во секој момент. Извојувавме победа, одиме понатаму мораме да го искористиме секој момент бидејќи ни требаат победи и на следниот натпревар.

 

Стојанче Стоилов, ракометар РК Вардар:

Тежок натпревар, но победа си е победа. Сега сме на првата позиција на табелата. Одиме понатаму, во СЕХА ни преостануваат уште два натпревари и се надевам дека после тоа ќе останеме на првата позиција.