Перфектна полусезона за Кире, Борко и Барса: 15 победи на 15 натпревари

Барселона ја запиша и својата 15-та победа во 15-тиот дуел во Асобал Лигата во есенската полусезона. Иако можеби потешко од очекувањата, каталонскиот гигант победи на гостувањето кај Хуеска со 26:30, откако домашниот тим имаше предност на полувремето со 15:13.

Лазаров беше скромен во оваа победа и имаше 2 гола од 6 обиди, а Борко Ристовски не влезе во игра на овој дуел. Следен предизвик за Барселона ќе биде каталонското дерби против Грањолерс кое ќе се игра на стартот на февруари по завршувањето на СП.