Петровски и Балатонфуреди не можеа против ПИК Сегед

Тимот на Балатонфуреди, каде игра македонскиот интернационалец Михаил Петровски, загуби на домашен терен од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со убедливи 21:33, во рамките на натпреварот од 13 коло.

Петровски, кој се уште ја влече незгодната повреда, имаше мала минутажа и постигна 1 гол на овој дуел, додека во гостинскиот состав на Сегед, се истакна поранешниот вардарец Сергеј Горбок со 6 голови, додека Рихард Бодо даде 5.