Маркоски во одлична форма пред СП, најдобар во победата на Орошази

Репрезентативниот пикер на Македонија, Никола Маркоски одигра одличен натпревар за неговиот Орошази во унгарскиот шампионат. Неговиот тим со нов тренер, поранешниот ас на Веспрем Даниел Будаи, славеше на гостувањето кај Балмазујварош, каде играат двајца познати ракометари за македонската јавност, Александар Стојановиќ и Стеван Вујовиќ.

Во победата со 30:26, Маркоски постигна 5 голови и беше најдобар стрелец на мечот заедно со Паштор, Радојевиќ и Кнежевиќ. Неговиот тим следниот дуел го игра на гости кај Чурго.