Легендарниот Омејер останува во ПСЖ

Голманот на фрaнцуската репрезентација и чувар на мрежата на францускиот шампион, Тјери Омејер останува верен на својот клуб ПСЖ за уште една сезона. 40-Годишниот Омејер ја одложи својата пензија откако со управата на клубот склучи договор за уште една дополнителна година.

Популарниот „Тити“ е веројатно еден од најголемите ракометни голмани на денешницата. Досега има освоено бројни трофеи од Лигата на шампионите до златниот медал на Олимписките игри. На Светското првенство во Катар, беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. Во ПСЖ пристигна во 2014 година од големиот ривал Монпелје, претходно Омејер седум години ги бранеше боите на бундеслигашот Кил.