Лунде си оди од Ростов

Името на Катрин Лунде е синомим за титули, бидејќи таа е една од најтрофејните ракометарки една од најдобрите голманки во светот. По 12 сезони поминати во странство, на лето Лунде ќе се врати во родната Норвешка.

Интернационалната кариера ја започна во Алборг, а потоа играше и за Виборг. Можеби најдобрите моменти во кариерата ги доживеа во Ѓер, а по заминувањето од Унгарија, го засили составот на Ростов Дон, каде ја игра втората сезона.

По истекот на договорот на лето, таа ќе се врати во родниот град и во следните три сезони ќе биде дел од матичниот клуб Виперс Кристијансанд. Нејзината сестра близначка, Кристине Лунде е една од тренерите во овој тим.