Сите одбрани на Ристовски против Хелветиа (ВИДЕО)

Македонскиот голман Борко Ристовски, заедно со капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров оваа сезона настапуваат заедно во каталонската престолнина  Барселона. Доминацијата на Барселона во домашниот шампионат веќе неколку сезони ги сруши сите рекорди кога во прашање се победите, бројот на постигнати голови и одбраните во АСОБАЛ лигата.

Еден од оние рутински натпревари кои за Барселона претставуваат одржување на формата пред дуелите во Лигата на шампионите го одиграа вчера против Хелветиа Анаитасуна. Кире Лазаров повторно беше меѓу најдобрите стрелци, а според официјалната статистика на Асобал Лигата, на Ристовски му беа запишани 9 одбрани. Сепак оние кои го следеа натпреварот можеа да ги видат сите 19 одбрани.

За сите кои го пропуштија вчерашниот дуел во продолжение погледнете ги сите одбрани на голот на Барселона против Хелветиа Анаитасуна…

За Барселона до крајот на есенската полусезона останува уште гостувањето кај Хуеска по што шпанскиот првак ќе се насочи кон вториот дел од сезоната.