Трансфер бомба: Кристина Неагу на лето во ЧСМ Букурешт?!

Ракометарката на Будуќност, Кристина Неагу, како и стратегот на Ѓер, Амброш Мартин се на мета на актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт. Романските медиуми наведуваат дека ЧСМ ќе направи се, да ја доведе можеби најдобрата светска ракометарка во своите редови. На романската репрезентативка на лето и истекува договорот со Будуќност, а нема најави дека ќе го продолжи, па сигурно нема да има ништо против да се врати дома, а парите сигурно нема да бидат проблем за богатиот клуб.

Покрај името на Неагу, за нов тренер, се споменува и името на актуелниот романски селектор Амброш Мартин, чиј договор со Ѓер истекува на лето. Шпанскиот стратег беше во комбинација и за тренерското место во Вардар по заминувањето на Индира Кастратовиќ, но не дојде до договор со македонскиот првак.