И Кире и Борко стрелаа во победата на Барса

Ракометарите на каталонскиот гигант Барселона ја забележаа и 14 победа во исто толку натпревари во Асобал Лигата и на едно коло до крајот на есенскиот дел, ја продолжија низата без пораз. Тимот на Кире Лазаров и Борко Ристовски ја совлада екипата на Хелветиа Анаитасуна со 30:22 (15:13) .

Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 6 од 9 обиди и Арињо со 5 голови. Борко Ристовски имаше 21 интервенциja, a македонскиот голман постигна и 1 гол. Последната есенска задача за Барселона ќе биде гостувањето кај Хуеска.