„Викингот“ Цветковски командуваше со одбраната на Хелсинборг

Македонскиот голман Јане Цветковски продолжува со одличните партии на голот на шведскиот Хелсинборг, откако во најновата победа на неговиот тим над Тумба со 34:25, одново беше на ниво на задачата.

Цветковски забележа 13 одбрани на овој дуел, но постигна и 1 гол во противничката мрежа. Неговиот тим се наоѓа во 3 позиција на табелата, а следниот дуел го игра на гости кај Линдесберг. Интересен факт е што Хелсинборг има најмалку примени голови во лигата, за што дел од заслугите одат на адреса на македонскиот голман.