Лазаров го изрешета ПСЖ и доби место во идеалниот тим на колото

По одличната партија против ПСЖ, македонскиот капитен Кире Лазаров заслужено доби место во идеалниот тим на 9 коло од Лигата на шампионите како најдобра десен бек. Македонецот со 9 голови беше најзаслужен за триумфот на каталонскиот гигант.

Во идеалниот тим се наоѓа и голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, кој имаше феноменално второ полувреме на голот на македонскиот првак, но ниту тоа не беше доволно да се избегне поразот на „црвено-црните“.

Идеален тим на 9 коло во Лигата на шампионите:

Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)
Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)
Лев бек: Сејад Естеки (Динамо Букурешт)
Среден бек: Барис Пукховски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Кире Лазаров (Барселона)
Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)
Пикер: Игор Вори (Загреб).