Чешка ги „тресна“ унгарските ѕвезди на стартот

Чешка направи големо изненадување на стартот на натпреварите од групата Ц на Европското Првенство во Шведска, откако славеше над селекцијата на Унгарија, предводена од новиот селектор Ким Расмусен, со 27:22.

Во првиот чешките ракометарки го диктираа темпото, најчесто водеа со два до три голови разлика и лесно погодуваа во мрежата на Ева Киш. Јерабкова во 25 минута донесе и највисоки 12:8 за Чешка, но на пауза се замина со 13:10.

Со головите на Кливињи и Ковач на стартот на вториот дел, Унгарија направи пресврт и поведе за прпат во мечот со 14:13. Потоа се играше гол за гол до 18:18, се додека Кнедликова не донесе повторно плус 2 за Чешка, 20:18. Адамкова донесе плус 3, 23:20, а Чешка водеше и со 24:21. До крајот иако се обидоа, Унгарките не успеаја да ја намалат негативата и загубија со 27:22.

Најдобри во победничката селекција беа Вероника Мала и Михаела Хрбкова со 5 голови, а Кнедликова даде4, додека кај Унгарија се истакна Ана Ковач со 7 голови, а Кливињи даде 4.