Талески во ТОП 5 голови на колото (ВИДЕО)

Филип Талески одигра одличен натпревар за Металург на гостувањето во Шпанија, кај Ла Риоха. Сепак, македонскиот вицепрвак загуби од шпанскиот претставник и ги загуби шансите за пласман во наредната фаза.

Македонскиот репрезентативец на стартот на натпреварот постигна многу убав гол од место за кој имаше место во ТОП 5 листата на ЕХФ во 9коло од Лигата на шампионите. Првото место е за Тунижанецот од Барселона, Ваел Желуз, кој погоди против ПСЖ.