Мотор Запорожје му се реваншираше на Бешикташ

Мотор Запорожје му се реваншираше на Бешикташ за поразот во четвртото коло победувајќи го со 34-28  (20-13) на домашен терен во рамките на деветтото коло во групата Д од Лигата на шампионите.

Тимот на Немања Прибак немаше доволно арсенал во своите редови за да и се спротистави на украинската екипа и беше достоен противник само во првите осум минути (4-4). Во периодот што следуваше домашните ракометари направија серија од 5-0 за солидни (9-4) на средината на првиот дел. До крајот на полувремето ракометарите на Мотор успеаја и да ја зголемат предноста па со конечни (20-13) да заминат на полувреме.

Второто полувреме започна со игра гол за гол,по што ракометарите на Мотор направија серија од 3-0 за највисоки (27-18). На средината на второто полувреме Бешикташ остана без двајца свои ракометари и тука беше почетокот на крајот за турскиот тим. До крајот на натпреварот ракометарите на Бешикташ успеаја само да ја намалат негативата за конечни (34-28)

Најефикасен во составот на Мотор беше Глеб Калараш со 9 погодоци, а составот на Бешикташ го предводеше Фарук Вразалиќ со 8 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак само еднаш се запиша во листата на стрелците.