Киелце без Бомбач, Вардар без Абутовиќ

Раул Гонзалес има една замена во однос на последниот меч, против Рајн Некар во Скопје. Ќе недостасува Илија Абутовиќ, а на негово место тимот го пополни Владо Недановски, како алтернатива за Тимур Дибиров на левата крилна позиција.

Во домашниот состав се враќаат повредените Јурецки и Рајхман, но прашање е колкава минутажа ќе добијат од тренерот Душебаев. Словенечкиот интернационалец Дејан Бомбач поради повреда нема да биде дел од Киелце на денешниот меч.

Натпреварот во Киелце се игра во 18 часот, а судии ќе бидат Исланѓаните Јонас Елијасон и Антон Палсон. По осум одиграни кола и Вардар и Киелце имаат по 12 бода на чело на табелата.

Киелце: Шмал, Ивиќ, Агинагалде, Биелецки, Храпковски, Ѓукиќ, Јахлевски, Јурецки, Јуркиевич, Кус, Лијевски, Пачковски, Рајхман, Штрлек, Зорман.

Вардар: Штербик, Милиќ, Борозан, Кањелјас, Циндриќ, Чупиќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Мораес, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Недановски, Шишкарев, Стоилов.