Шпанците го возвратија ударот: Дуелот на ракометните титани за Барселона!

Во рамките на деветтото коло од Лигата на шампионите во Баселона, шпанскиот првак го пречека составот на ПСЖ во дуелот на ракометните гиганти. Кире Лазаров ја предводеше Барселона до осмиот триумф оваа сезона и се зацврсти на првата позиција на табелата во група А пред ПСЖ кој има два бода помалку.

Одличниот почеток за домаќините Жалуз го круниса со гол за 4-1, сепак до 10 минута ПСЖ успеа да го изедначи резултатот на 5-5 и ја превзема контролата над резултатот и играта. Гостите од Париз продолжија со добрата игра и низата голови ја претворија во +3 (6-9) по 17 минути игра.

Гостите продолжија во ист ритам, а разликата од 2 гола ја задржаа до самиот крај на првиот дел. Домаќините не дозволија лесна победа на францускиот првак и ги искористија последните 5 минути да го изедначат резултатот на конечни 14-14.

Неизвесноста продолжи и по паузата, Степанчиќ го отвори резултатот, но веднаш возврати Лазаров. Изедначената игра продолжи до средината на вториот дел кога Барселона со два погодока во низа замина на 24-21. Публиката во „Блауграна“ почека до 47та минута за ново изедначување на резултатот, но на ново воодушевување на домашната публика Барселона ја врати разликата од три погодоци во самиот финиш и го контролираше резултатот и играта до самиот крај. По шеесет одиграни минути Барселона славеше победа со 35-32 и му врати на францускиот шампион за поразот во Париз од 33-26.

Стандардно македонскиот репрезентативец Кире Лазаров беше најефикасен во составот на Барселона и на теренот со 9 голови, а го следеа Жалуз со 6 и Ривера со 4 погодоци. Кај ПСЖ Хансен беше прецизен 6 пати, додека Абало и Карабатиќ постигнаа по 5 голови.