„Македонскиот“ Одорхеи со „десетка“ за Решица

Составот на Одорхеи, каде играат тројцата македонски интернационалци, Гоце Ојлески, Горан Кузмановски и Милорад Кукоски, забележа висока победа над Решица со 26:16, иако по првиот дел имаше само гол предност, 10:9.

Но одличната игра во одбраната во вториот дел и примените 7 голови се причина за високиот триумф. Кузмановски и Кукоси погодија по еднаш на овој дуел, додека Ојлески не се запиша во листата на стрелците.

По 14 кола, Одорхеи се наоѓа на 14 позиција, а следниот дуел ќе го игра на гости кај Стеауа.