Лазаров му откина бод на лидерот

Тимот на Поли Темишвар, каде настапуваат двајцата македонски интернационалци Филип Лазаров и Златко Даскаловски одигра 19:19 и му откина бод на лидерот во романскиот шампионат Доброгеа Констанца каде игра поранешниот репрезентативец Бранко Ангеловски.

Констанца го диктираше темпото скоро во целиот меч и водеше со три до четири голови разлика, додека Темишвар цело време беше тука некаде, но не успеваше да стигне. Во 57 минута Лазаров промаши пенал за реми, а Ракчевиќ и донесе водство на Констанца со 19:17.

Сепак Ангеловски најпрво доби две минути, а во нервознио финиш, гостите зарботија и два директни црвени картони, што го искористи поранешниот вардарец Марко Симовиќ и со два гола од пенал донесе голем бод за Темишвар и реми 19:19. Лазаров постигна 5 голови од 6 обиди, сите од пенал, Даскалоски имаше одличен настап со 13 одбрани, додека Ангеловски на спротивната страна беше стрелец на 2 гола од 2 обиди.