Монпеље сигурен во Чехов

Во рамките на 9 коло од Лигата на шампионите , лидерот во групата Ц екипата на Монпелје ја победи екипата на Чеховски Медведи со 27:33 (13:14). Натпреварот беше изедначен се до 10 минута кога гостите ја презедоа иницијативата и за пет минути успеаа да стигнат до плус 4  (5:9).  Ракометарите на Монпелје ја одржуваа предноста од четири погодоци во поголемиот перод на првото полувреме, но во последните минути домашните ракометари благодарение на добрата одбран, со звукот на сирената успеаја да ја намалат негативата на само еден разлика (13:14).

На почетокот на вториот дел гостите од Франција ја вратија предноста од четири погодоци (15:19), а веќе на средината на полувремето успеаа и да ја дуплираат (17:25). До крајот се беше рутина за Монпелје кој славеше со 27:33 и убедливо е на првото место во Групата Ц, па оттаму ќе го чека противникот во следната фаза, а тоа најверојатно ќе биде Мотор Запорожје.

Најефикасни во составот на Монпелје беа Анкетил и Доленец со по 8 голови, додека Кавтичник даде 6, а кај домашните се истакна Корнев со 8 голови. Со оваа победа Монпелје се зацврсти на врвот во групата во која се наоѓа и Металург, кој денес игра важен натпревар против Ла Риоха за второто место во групата.